сабота, 11. ноември 2023. Вести денес: 0
home Општини

Донев: Во услови кога жителите на „Абас Емин“ секојдневно се соочуваат со недостиг на вода, приоритет на директорот на ЈП „Водовод“ е вработување на личен возач

Донев: Во услови кога жителите на „Абас Емин“ секојдневно се соочуваат со недостиг на вода, приоритет на директорот на ЈП „Водовод“ е вработување на личен возач

Во услови на КОВИД-19 пандемија кога жителите на улица „Абас Емин“ секојдневно се соочуваат со недостиг на вода за пиење и вода за лична хигиена, приоритет на директорот на ЈП „Водовод“ се нови 18 вработувања, рече на денешната прес-конференција претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид, Сашо Донев.

– Иако има над 250 вработени, Директорот на ЈП „Водовод“ баш сега се сети дека му е потребен личен возач во услови кога градот тоне, се затвораат дуќани и се економски уништени туризмот и стопанството. Денес охриѓани плаќаат за 30% поскапа вода додека парите наместо за капитални инвестиции кои се под 10% се пренаменети за возач на директорот и вработување на партиски послушници, истакна Донев и додаде дека ЈП „Водовод“ наместо да биде најуспешно јавно претпријатие кое треба да биде пример во државата, секојдневно тоне во милионски долгови, а охриѓани покрај еден од најголемите басени за питка вода се соочува со недостиг на вода за пиење и за лична хигиена.

– Во многу скоро време охриѓани ќе ви пресудат, а за расипничкото трошење на парите од граѓаните ќе одговарате. Бараме од градоначалникот Георгиески додека не е предоцна точката за нови вработувања во ЈП „Водовод“ да ја повлече од седницата на Совет закажана за во понеделник, 9 ноември!, нагласи претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид.