Пратеникот Илија Димовски, кој е еден од предлагачите за одложување на Конгресот на ВМРО-ДПМНЕ, пред седницата на Централниот комитет на партијата, рече дека останува во партијата иако неговото барање за одложување на конгресот не беше прифатено од Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ.”
-Мора да се научиме да прифаќаме различни ставови по одредени прашања. Доволно време помина за да го научиме тоа како концепт кој може да донесе само добро на партијата. Јас останувам член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, изјави Димовски и додаде дека ќе соработува со новото раководство на „оние теми за кои имаат исти ставови“.