сабота, 18. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Инфомакс: Kaмион фaтeн со нецapинета рoба: Фирмaта е во сопственост на Вице 3aeв? (ФОТО)

Инфомакс: Kaмион фaтeн со нецapинета рoба: Фирмaта е во сопственост на Вице 3aeв? (ФОТО)

Попладнево полицијата пронашла камион полн со нецаринета роба во Шутка. Двајца шофери на фирмата Сакаов Транс од Струмица се приведени во полициската станица во населба Шутка поради превоз на брендирана роба, пишува Инфомакс.мк

Фирмата која ја увезува робата е Винекс Текстил од Струмица. Според податоците на Централниот регистар фирмата е во коcoпственост на Вице Заев и бизнисменот Крамзов од Струмица.

Покрај брендираната облека, во камионот се пронајдени и авто делови за автомобили марка Ауди и Мерцедес.

Поради инволвираноста на добро познати лица од Струмичкиот регион во скандалот извори за Инфомакс велат дека во моментов се врши голем притисок да бидат ослободени од притвор шоферите на камионот.

 

Најнови вести