петок, 1. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Стаменковска-Трајковска: Ние како пратеници не добивме официјално податоци за Кацарска и ги бараме на Гугл,  а Гугл дава се негативни коментари

Стаменковска-Трајковска: Ние како пратеници не добивме официјално податоци за Кацарска и ги бараме на Гугл,  а Гугл дава се негативни коментари

Зошто баш таа личност, Добрила Кацарска е најпогдна за вршење на оваа висока функција, судија во Уставниот суд, со висока плата и слично. Во јавноста, за нас пратениците нема образолежние зошто баш Кацарска за таа функција, рече пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ Бети Стаменковска-Трајковска од ВМРО-ДПМНЕ на собраниската дебата по предлогот за избор на Добрила Кацарска за уставен судија.

Според пратеничката несфатливо е како за избор на Кацарска за судија народните избраници немаат информации и образложение и инфорции мора да бараат на ГУГЛ.

-И замислете не добивме информации и ги бараме на Гугл, а внимавајте Гугл  не е наш пребарувач на ВМРО-ДПМНЕ. И што добиваме како информација кога бараме за Кацарска. Сите информации се негативни како таа е портпарол и извршител на Зоран Заев и СДСМ, потоа Уставен суд пресуди дека го прекршила Уставот и основните човекови права, таа е судија кој не го очитува Уставот или член 16 кој ја гарантира слободата на изразување, рече Стаменковска-Трајковска.

Според пратеничката Стаменковска-Трајковска Уставот вели дека судија кој не го почитува Уставот не смее да биде судија.

Најнови вести