недела, 3. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Правдата на Маричиќ и Заев: Убиецот на малиот Ангел од Ѓорче е на слобода, судењето од почеток

Правдата на Маричиќ и Заев: Убиецот на малиот Ангел од Ѓорче е на слобода, судењето од почеток

Пресудата за убиството на матурантот Ангел Петковски е укината на 30-ти септември од страна на 5-член совет на Врховниот суд, дознава Телма од судски извори. Процесот според Врховниот суд треба да се врати на почеток за да се утврдат сите процесни законски можности во врска со првото судење и со доказната постапка.

Ангел Петковски беше убиен со нож на кејот на реката Вардар во Ѓорче Петров на 19-ти мај 2014-та година. Осомничениот беше фатен многу бргу по настанот.

Тинејџерот Насер Ештрефи од општина Сарај беше осуден на 14 години затвор за убиството. Одбраната на осудениот тврдеше дека станува збор за самоодбрана бидејќи бил нападнат од жртвата и неговиот татко кои го бркале затоа што сакал да им украде велосипед од дворот. Судот утврди дека обвинителството нашло доволно докази за убиството и за извршителот по што ја изрече казната.

Првостепената пресуда ја потврди и Апелациониот суд, но таа падна на Врховниот суд. Никогаш не беше најдено оружјето- ножот со кое беше извршено убиството.

По убиството, во населбата Ѓорче Петров имаше неколку дена протести и нереди со кои се бараше строга казна за сторителот. Во нередите беа оштетени и демолирани повеќе дуќани на главната улица во Ѓорче Петров меѓу кои најмногу беа на бизнисмени-Албанци. Поголеми меѓуетнички инциденти беа избегнати со употреба на големи полициски сили, како и со медијација и убедување на демонстрантите да се откажат од протестите, потсетува Телма.

Ештрефи речиси 6 и пол години е во затворските институции, а во моментот е во полуотвореното одделение во Идризово, мерка која се определува по издржување една третина од казната. По укинувањето на пресудата се укинува и затворската казна по што треба судењето да почне од почеток.

Најнови вести