среда, 15. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Стоилковски: Венко Филипче и Илир Хасани како главни ликови во “Шпанско Село 2” мора да одговорат на многу прашања за кои што тврдеа дека се “лажни вести”

Стоилковски: Венко Филипче и Илир Хасани како главни ликови во “Шпанско Село 2” мора да одговорат на многу прашања за кои што тврдеа дека се “лажни вести”

Антикорупциска го чешла Водно! Венко Филипче и Илир Хасани како главни ликови во “Шпанско Село 2” мора одговорат на многу прашања за кои што тврдеа дека се “лажни вести”.
За жал, овој “градежен пар” министер- директор, во меѓувреме е унапреден во министер и негов заменик, стои во Фејсбук статусот на Наум Стоилковски, портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ.

– Да потсетам, двајцата се партнери на куп споени плацеви на Водно со трет партнер, инаку редовен добитник на милионски тендери во здравството. Така, “Касарната на Филипче”, прерасна во “Шпанско Село 2”, а сега во предмет на ДКСК. Се надевам на побрз развој на предметот од досегашниот, и секако побрз од случајот Леонардо за Генералниот секретар на Владата Рашковски, пишува тој.

Најнови вести