Во Филаделфија остануваат да се избројат уште 40.000 гласови, изјави претседателката на изборната комисија Лиза Дили, додавајќи дека пребројувањето може да трае со денови.
Бајден досега има освоено 81 процент од гласовите во Филаделфија и е во водство низ целата држава Пенсилванија.
Таа на прес-конференцијата рече дека пребројувањето на преостанатите гласови може да трае неколку дена, пренесува Си-Ен-Ен.
Во Питсбург треба да се избројат уште 37.000 гласови, каде вчера беше прекинато гласањето поради правни приговори во врска со 29.000 гласови.
Градоначалникот на Филаделфија, Џим Кени рече дека обвинувањата на Доналд Трамп за изборни измами во градот се неосновани и дека кандидатот на Републиканската партија мора да го признае фактот дека ги изгубил изборите и да му честита на победникот. (МИА)