петок, 19. јануари 2024. Вести денес: 0
home Вести

Стојаноски: Покачувањето на плата на Уставните судии е незаконско и крајно неморално во услови кога заболените од Ковид-19 немаат средства за лекување

Стојаноски: Покачувањето на плата на Уставните судии е незаконско и крајно неморално во услови кога заболените од Ковид-19 немаат средства за лекување

Покачувањето на плата на Уставните судии преку додаток на плата од цела 1/3 е незаконски и ништовно, но и крајно неморално во услови кога цела држава кубури со пари, заболените од Ковид немаат средства за лекување и затоа умираат, а илјадници родители немаат пари да им купат лап топ компјутери на своите деца за да ја следат наставата, изјави денеска за медиумите Бојан Стојаноски, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.

– Секое покачување на плата на Уставните судии мора да оди преку Собранието, тоа не може да се случи на ниту еден друг начин, оттука нивната одлука е незаконска и со тоа ништовна, а го повикуваме Министерството за финансии да не се осудува да ја почитува оваа одлука, бидејќи истото ќе стори и кривично дело, ако тоа го направи, вели тој.

– Доколку пак е извршена било каква исплата по оваа основа, бараме парите веднаш да се вратат! Собранието е заобиколено, никој друг не смее да биде законодавец освен Собранието. Овој преседан мора да запре.Не знаеме од што се мотивирани Уставните судии на едно вакво дејствие, но ако истото е само да му се удоволи на Заев, кој можеби и ветил поголема плата на Кацарска,треба да знаат дека времето на безаконие во Македонија нема да трае вечно, и за секое противправно дејствие некогаш ќе има одговорност, посочи Стојаноски.

– Уште полош е што еден ваков безобразен чин доаѓа во време кога пола милион граѓани живеат со под 130 денари на ден, а илјадници родители немаат пари да им купат лап топ компјутери на своите деца за да ја следат наставата онлајн. Покачувањето не само што е незаконски, туку е и неморално, и затоа Уставните судии треба и да и се извинат на јавноста, дециден е тој.

Најнови вести