петок, 29. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Сиромашен народ, бездушна власт: За еден месец МВР напиша над 20.000 казни

Сиромашен народ, бездушна власт: За еден месец МВР напиша над 20.000 казни

Власта профитира од граѓаните. Секојдневните казни во ек на здравствена и економска криза го празнат џебот на сиромашниот народ. Кога се обелодени дека економијата крахира, и оди во надолна линија, започнаа масовните казнувања.

МВР изминатиот месец казнуваше насекаде, во еден час по неколку града паѓаа дури и по 70-80 казни.

Граѓаните гневни револтирано реагираа и низ медиумите, дека кога најмногу им е потребна помош од владата да донесе мерки за подобро справување со економската криза, таа качува даноци и казнува по секоја цена. Граѓаните во овој тежок период и кои се вработени тешко ги плаќаат сметките, а не пак и казните. А, посиромашните како социјалните случаи или невработените луѓе, стечајците уште потешко се снаоѓаат, живеат од ден за ден.

Само во изминатиов месец октомври, според соопштенијата на МВР во земјава изречени се повеќе од 20.000 санкции за сообраќајни прекршоци. Во Скопје тој месец на дневно ниво се казнувале по 200-300 возачи. А, за цел месец октомври, тетовската полиција санкционирала 1.197 различни видови на сообраќајни прекршоци.

Од пред неколку месеци владата дури и усвои закон со кој укинаа негативните поени. Возачите повеќе не можат казните да ги менуваат со негативни поени, туку мора да платат.

Со масовните казнувања на граѓаните им се дава до знаење дека тие што се на власт имаат веќе таков опфат на сите институции што им овозможува да направат апсолутно сè, не само без волјата на граѓаните, туку и спротивно на волјата на граѓаните.

Најнови вести