Градовите на југот од Флорида се погодени од налетот на тропската бура Ета, јавува утрово агенцијата „АП“.
Едно од најпогодените урбани подрачја е Форт Лодердејл.
Многу домови се поплавени а водата не се повелекувала до часови.
Тропската бура Ета пристигна вчера до јужните острови на Флорида во САД после поминувањето низ Централна Америка и Мексико каде зад себе остави десетици настрадани и преку 100 исчезнати лица.
Властите во Флорида ги затвориле плажите, местата за тестирање на Ковид-19, го запрен е и сообраќајот а од луѓето се бара да не излегуваат на улиците.
Ета имала максимална јачина на ветрот од 100км/ч.