сабота, 30. декември 2023. Вести денес: 0
home Хороскоп

Овенот емотивно исполнет, Вагата очекува прилив на пари

Овенот емотивно исполнет, Вагата очекува прилив на пари

ОВЕН

Имате впечаток дека колегите не ги разбираат вашите идеи, иако тие само ги сметаат дека се ризични. Емотивно сте исполнети. Посветете го слободното време на саканата личност. Проблеми со кожата.

БИК

Не сте задоволни од соработката со странците. Имате впечаток дека некои работи се пролонгираат па не сте сигурни дали соработката ќе се продолжи. Партнерот ве заморува и избегнувате средба со него. На полето здравје ве очекуваат проблеми околу главата.

БЛИЗНАЦИ

Одите на пат или на состанок и постигнувате огромен успех. Не сте задоволни од ситуацијата во бракот. Однесувањето на партнерот кон вас, покажува на целосна незаинтересираност. Проблеми со грлото.

РАК

Соработка со странците се одвива на задоволителен начин. На полето финансии ве чека добивка. Не сте задоволни од односот во бракот. Посакувате да е во прашање криза од минлив тип, но партнерот ви делува оттуѓено. Добро здравје.

ЛАВ

Имате непропустлив став во текот на преговорите. Тоа е вистинската причина зошто тие пропаѓаат. Имате сличен став и по прашањето на љубовта. Односно ќе биде или по ваше, или никако. Партнерот таков однос одбива. Проблеми со грлото.

ДЕВИЦА

Обожавате прецизност и одговорност. Соработниците неочекувано го одложуваат состанокот и тоа го разбирате како неодговорно однесување. Пробувате да откриете што се случува со партнерот. Прилично е затворен, па не сте сигурни на што сте со него. Расположението е во пад.

ВАГА

Во случај да сте приватник, загрижени сте поради лошата финансиска ситуција. Во очекување сте на прилив на пари. Не сте задоволни од односот со брачниот партнер. Многу е „ладен“ кон вас и имате впечаток дека љубовта исчезнала. Стабилно здравје.

ШКОРПИЈА

Не успевате да ги решите проблемите на работа. Прилично сте фрустрирани и се сомневате во своите способности. Емотивно сте задоволни. Ви годи вниманието кое партнерот ви го подарува. Сигурни сте дека ова е однос за целиот живот. Хронични проблеми.

СТРЕЛЕЦ

Работата се одвива побавно од што сте очекувале. Со колегите разговарате за тоа како да ги решите проблемите.Имате недостаток на самодоверба во емотивната сфера. Не сте сигурни дали сте доволно добри за партнерот. Проблеми со кожата.

ЈАРЕЦ

Не сте задоволни од ситуацијата на работа. Поединци в нервираат и ви пречи што не може да донесете конкретна заедничка одлука. Емотивно сте незадоволни. Имате впечаток дека ова не е врска за која треба да се борите. Нервите се чувстителни.

ВОДОЛИЈА

Одличен ден за решавање на судски прашања и комуникации со медиумите. Во двата случаи оставате впечаток на сигурна и силна личност. Нервоза.

РИБИ

Задоволни сте од ситуацијата на работа која е стабилна и успешна. Го планирате натамошниот развој на работата. Емоциите ви проработиле, но не знаете како да и пријдете на симпатијата. Сакате случајно да се сретнете. Добро се чувствувате.