вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Училиштата ја користат температурата на децата како изговор да не ги пуштат на настава?!

Училиштата ја користат температурата на децата како изговор да не ги пуштат на настава?!

Проблемите во училиштата со наставата на помалите деца секој ден се повеќе излегуваат на виделина. Имено една загрижена мајка вели дека нејзините две деца во неколку наврати се вратени од училиште поради температура. Првпат кога биле вратени, мајката има ги направено сите наоди и прегледи на децата со што се докажало дека децата се здрави и не се позитивни на КОВИД-19.

Но, и покрај наодите на лекарите и наоди од анализите кои докажуваат дека децата се здрави сепак пак децата ги враќаат од училиште.

-Ми се јавија да ги земам децата од училиште зошто имале температура, го земав направивме анализи, а јас останав една недела дома земав боледување. За тоа време пред да тргнат во училиште пак им направив крвна слика и бевме на лекар. Пак исто топломерот покажуваше 38 степени температура, го пипам детето нема температура, но нема да расправам и отидовме дома, мерев со живин и со дигитален термометар детето немаше температура, гневно раскажува мајката.

Загрижената мајка апелира до министерката за образование и наука, Мила Царовска да не се малтретираат децата, и покрај тоа што родителите со страв ги пуштаат во училиште, да им создаваат и други трауми. Температурата не се јавува само поради КОВИД-19. А, кога родителот ќе однесе на писмено дека децата се здрави, наставниците не треба да ги враќаат бидејќи лекарот докажал дека не се опасност за средината. А, тоа плус рефлектира и врз психичката состојба на децата.

Ако училиштата и министерството не можат да спроведат физичка настава за децата тогаш и таа нека и за оваа возраст на децата од прво до четврто одделение се примени онлајн. Така децата нема да се чувствуваат загрозено и отфрлено од средината.

Најнови вести