Речиси 90.000 жртви на сексуално злоставување во американска извидничка организација (Boy scouts of America) поднеле барање за отштета.
Адвокатот на жртвите Мајкл Фау рече дека пристигнале 88.000 барања, а бидејќи можноста за поднесување е сè уште отворена, тој ги очекува сите 100.000, објави АФП.
„Зачудени сме од тоа колку луѓе биле злоупотребени во извидувачите, но и од храброста на оние кои се подготвени да излезат и да разговараат за тоа. Нашите срца се скршени затоа што не можеме да ја вратиме нивната болка”, соопшти американската организација на извидници, пренесува „Спутник“.
Тие додадоа дека намерно овозможиле процесот на поднесување на отштета да биде лесно достапен, за да им помогнат на жртвите да добијат надомест.
Одговорот на жртвите што следуваше беше многу вознемирувачки. Ние длабоко се извинуваме”, се вели во соопштението на организацијата.
Организацијата „Boy scouts of America“ постои 110 години и во моментов има 2,2 милиони членови на возраст од 5 до 21 година.
Организацијата, по бројните обвинувања за сексуално злоставување, поднесе барање за банкрот со цел да избегне директно наплата на штета и истовремено да овозможи нејзина исплата од фондот за компензација.
Вредноста на оваа организација во моментов се проценува на една милијарда долари, но не е познато колку се подготвени да одвојат во фондот за компензација.