среда, 13. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Свикан Советот за безбедност, седницата закажана за утре

Свикан Советот за безбедност, седницата закажана за утре

Во Кабинетот на Претседателот „Вила Водно“ утре со почеток во 12 часот ќе се одржи седница на Советот за безбедност на Република Македонија.

-На седницата, покрај редовните членови на Советот, на покана на претседателот Стево Пендаровски ќе присуствува министерот за здравство, Венко Филипче. На десеттата седница на Советот за безбедност ќе се разговара за актуелната ситуација со пандемијата на Ковид-19 на територијата на Република  Македонија и мерките и активностите на надлежните институции, информираат од Кабинетот на Пендаровски.

По завршувањето на седницата на Советот за безбедност, Пендаровски ќе даде изјава за медиумите.

Најнови вести