Водостојот на Вардар на мерното место кај Јегуновце е намален за речиси десет пати во споредба со просечниот за ноември и се очекува натамошно намалување во следните денови, покажуваат последните мерења направени од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).
Значајно намалување на нивото на реката има и на мерното место кај Велес, додека кај Демир Капија е за помалку од двојно пониско од просечното, но бележи благо намалување во однос на вчера.
Слична е состојбата и со Треска на мерното место кај Македонски Брод, а понизок од просечниот е и водостојoт на сите реки во земјава, како и на Охридското и Преспанското Езеро. Единствено Дојранското Езеро има за 2,66 метри повисоко ниво од просекот за овој месец.