вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Поради минирање прекин во сообраќајот на патот Кичево – Охрид

Поради минирање прекин во сообраќајот на патот Кичево – Охрид

Сообраќајот на државните патишта се одвива по претежно суви коловози.

НАЈАВА ЗА ПРЕКИН НА СООБРАЌАЈ: Г.П. Илинден – Струга известува дека на ден 24.11.2020 (денес), на патниот правец А2 Кичево – Охрид, на делницата Пресека – с.Врбјани, поради изведување градежни работи на пат (минирање), сообраќајот ќе биде во прекин во двата правци помеѓу 12.00 – 15.00ч. во времетраење од 15 – 20 минути.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има појава на утринска магла и можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Најнови вести