петок, 1. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Димитров во посета на Луксембург

Димитров во посета на Луксембург

Министерот за надворешни работи на Република Македонија, Никола Димитров, на покана на министерот за надворешни и европски работи на Големото Војводство Луксембург, Жан Аселборн, денеска ќе реализира возвратна посета на Луксембург.

Од Министерството за надворешни работи информират дека покрај средбата со својот домаќин, министерот Димитров ќе се сретне и со претседателот на Парламентот, Марс Ди Бартоломео и со членовите на парламентарната Комисија за надворешни и европски прашања, одбрана, соработка и миграции.

Во рамки на посетата, во Стопанската комора на Луксембург, Димитров ќе ги презентира можностите за инвестирање во Република Македонија пред луксембуршките компании. (МИА)

Најнови вести