Роџер Федерер веќе втора година по ред реши да ја пропушти сезоната на земја и објасни зошто го прави тоа.
Швајцарецот ја започна сезоната добро, но потоа изгуби во финалето на Индијан Велс од Дел Потро, а по елиминацијата во првото коло во Мајами одлучи да паузираат и да ја „прескокне“ уште еднаш сезоната на земја, а причината за ова е Рафаел Надал.
– Рафа секогаш имаше предност над мене кога игравме на земја, токму како што покажува статистиката од нашите дуели на оваа подлога. На многу начини се обидував да го сменам меѓусебниот резултат, користев различни тактики, го сменив бек-хендот, но Надал на теренот одговораше на се што правев, изјави Федерер.
Тој додаде дека на други подлоги имале многу изедначени дуели, но на земја секогаш доминирал Шпанецот.
– Во овој период мојата кариера, кога акцент ставам на победите, решив да ја прескокнам сезоната на земја. Чувствувам дека можам добро да играм на земја, но потребно е многу напор, а Рафа е прилагоден на оваа површина подобро од било кој друг, додаде „Маестро“.
Швајцарецот моментално е во Јужна Африка, а неговиот тренер, Иван Љубичиќ, објави дека Федерер ќе се врати на теренот на турнирот во Хале. (МИА)