петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

МВР: Казнети 167 возачи во Скопје

МВР: Казнети 167 возачи во Скопје

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (29.11.) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

-Само на територијата на град Скопје изречени се вкупно 167 мерки, меѓу кои 26 санкции за возење без возачка дозвола, 14 санкции за технички неисправни и нерегистрирани возила, 36 мерки за непрописно паркирани возила, 20 возила се подигнати од „пајак“ службата и 27 санкции за неносење заштитна маска. Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот, велат од МВР.

Најнови вести