четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Водостојот на Охридското Езеро три сантиметри под дозволениот минимум, алармантна состојба со Преспанското Езеро

Водостојот на Охридското Езеро три сантиметри под дозволениот минимум, алармантна состојба со Преспанското Езеро

Водостојот на Охридското Езеро денеска е три сантиметри под дозволениот минимум, покажуваат најновите мерења на Управата за хидрометеоролошки работи. Нивото на Преспанското Езеро, пак, за 49 сантиметри го има надминато апсолутниот минимум.

За разлика од езерата, кај реките денеска ситуацијата е поразлична. Кај поголем дел од реките водостоите се повисоки во однос на вчера и на минатиот понеделник. Исклучок е само реката Пчиња кај која нивото денеска е за два сантиметри пониско во споредба со вчерашиот ден. (МИА)

Најнови вести