понеделник, 20. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Ликот на Марадона ќе се најде на банкнота, оваа идеја не им се допадна на сите (ВИДЕО)

Ликот на Марадона ќе се најде на банкнота, оваа идеја не им се допадна на сите (ВИДЕО)

Аргентинскиот конгрес наскоро ќе расправа за барањето на банкнота од 1.000 пезоси да се стави ликот од покојната фудбалска ѕвезда Диего Марадона.

На банкнотата вредна околу 12,27 американски долари според девизниот курс во понеделникот, од едната страна би се наоѓало ликот на Марадона, а од другата фотографија на „Божјата рака“, еден од неговите најпознати голови против Англија на Светското првенство во 1986 година, предложи членот на Претставничкиот дом, сенаторката Норма Дуранго.

„Идејата не е само да му оддадеме почит на нашиот најважен идол, туку и да размислиме за економското прашање“, рече Дуранго.

„Мислиме дека кога туристите ќе дојдат тука, тие ќе сакаат да го понесат Марадона со себе. Без разлика дали бил добар или лош, тој е најпознатиот Аргентинец во светот”.

Некои Аргентинци се налутија од помислата дека „Божјата рака“ ќе се најде на официјален владин документ, бидејќи тоа може да се смета за одобрување на незаконитост, имајќи предвид дека Марадона постигна гол со рака.

На сегашната банкнота од 1.000 пезоси се наоѓа националната птица, Руфус хорнеро.