среда, 13. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Бујар Османи тврди дека Бугарија имала право да ни го оспорува јазикот

Бујар Османи тврди дека Бугарија имала право да ни го оспорува јазикот

Министерот за надворешни работи Бујар Османи, на утринската емисија Телевизија 24 тврди дека Бугарија имала право да ни го оспорува јазикот, како и тоа дека ќе има ,,анексирање” или како што вели со дополнителен механизам ќе се потврдува договорот од 2017 година.

– Не се разговара за јазикот туку се разговара за можноста Бугарија да си го задржи својот став во однос на јазикот како посебно својство. Дека Република Бугарија треба да си го зачува правото да си го нарече јазикот според Устав и тоа е нивно право коешто не можеме да го спориме,  рече Бујар Османи.

Со самото тоа министерот за надворешни работи Бујар Османи апсолутно се согласува со изјавите на Каракачанов, Захариева и Борисов дека Македонскиот јазик е дијалект на Бугарскиот јазик и прифаќа толкување според нивниот Устав.

Меѓутоа Османи претходно на 14-ти октомври на својот Фејсбук профил ги демантираше информациите дека Бугарија побарала нов договор и редефинирање на македонската нација, при што истакна дека „Околу односите со Бугарија и мојата посета, сакам да истакна: нема нов договор, туку има засилување на меѓусебната комуникација на повеќе нивоа”.

Меѓутоа тој денеска во емисијата на Телевизијата 24 во Студио 10, всушност признава дека ќе има негово ,,анексирање” односно изнаоѓање на решение со дополнителни механизми.

– Јас реков бидејќи сметам дека договорот е формулата на успех и решението, треба да создадеме механизми на предвидливост на истиот. Што значи дека Акциски план којшто ќе создаде таква предвидливост,Меморандум којшто може да го објасни начинот како да се имплементира договорот и динамиката и Протокол кон имплементација на договорот,се можни варијанти којшто го штитат договорот, вели Османи.

Најнови вести