Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп започна серија егзекуции на федерално ниво во последните негови денови во Белата куќа, пренесува Би Би Си.
Закажани се пет егзекуции пред инаугурацијата на новоизбраниот претседател на САД Џо Бајден на 20 јануари, со што се прекрши 130-годишната традиција да не се прави тоа при трансфер на претседателската власт.
Доколку бидат извршени сите пет смртни казни, Трамп ќе стане претседател во последните повеќе од сто години, за време на чиј мандат имало најмногу егзекуции, вкупно 13, откако осумммина беа егзекутирани во јули оваа година.
Брендон Бернард (40) и Алфред Буржоа (56) треба да бидат погубени оваа недела во Тере Хауте, Индијана.
Јавниот обвинител Вилијам Бар рече дека неговото Министерство за правда само го спроведува постојниот закон. Но, критичарите велат дека овој потег е загрижувачки и се случува пред преземањето на власта на новиот претседател Бајден, кој рече дека ќе бара укинување на смртната казна.