четврток, 23. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Целото семејство е гневно- ќерката на Џеј бесно се огласи до сите, ја спомена и Македонија: Оставете не на мира (ФОТО)

Целото семејство е гневно- ќерката на Џеј бесно се огласи до сите, ја спомена и Македонија: Оставете не на мира (ФОТО)

По контроверзните текстови во медиумите дека семејството на легендарниот пејач со потекло од Ресен Џеј Рамадановски има проблем околу погребниот обред сега се огласи и ќерката на пејачот.

Во медиумите се пишуваше дека семејството било поделено дали пејачот да биде погребан со муслимански или православни обреди.

Неговата ќерка Марија Рамадановски во својот пост до новинарите пишува дека тој бил муслиман и никогаш не сакал да ја промени верата, но дека само ја славел Света Петка.

-Почитувани новинари, Џеј Рамадановски беше од исламска вероисповед по таткото и мајката. Двајцата родители му биле муслимани по потекло од Македонија. Света Петка ја почитувал, сакал и секоја година ја славел. Не ја славеше славата со свеќа и колач како што е обичај во православието и за него Бог беше еден. Никогаш не споменал дека сака да ја менува верата. Ве молам вас да престанете со насловите кои го нарушуваат нашиот углед и честа на нашиот сакан татко. Пуштете не нас на мира да го испратиме, семејство Рамадановски, пишува таа во својата објава.

Најнови вести