сабота, 13. јануари 2024. Вести денес: 0
home Вести

Владата го раскинува договорот со „Сархемс“, контроверзниот милионски проект нема да се реализира

Владата го раскинува договорот со „Сархемс“, контроверзниот милионски проект нема да се реализира

Владата го раскинува договорот за јавно-приватно партнерство кој се потпиша под контроверзни и нејасни околности со „Сархемс“, компанијата регистрирана во Македонија за хеликоптерски спасувачки систем, откако претходно беше објавен јавен повик.

Ова е наведено како една од точките на последната владина седница каде се споменува „започнување на постапка за раскинување на Договор за вопоставување на јавно приватно партнерство за формирање на современа модерна организација-платформа како ефикасен носител на хеликоптерски итен медицински систем во Република Северна Македонија (ХЕМС) и хеликоптерски услуги за пребарување и спасување (САР)“.

Единствено досега беше познато дека „Сархемс“, ги поднела до Владата своите барања во рамки на договорот за јавно-приватно партнерство пред неколку месеци, но што се случувало понатаму останува недоречено, бидејки потпишаниот договор беше недостапен за јавноста.

Повеќе прочитајте на Фактор.мк

Најнови вести