Претседателот на Владата Зоран Заев во просториите на владата денеска оствари средба со претседателите и претставници на сите партии кои што се дел од истата.
На средбата, коалициските партии во Владата разговараа за сите економски планови и проекти, реализација на мерките за заживување на економијата. Се зборуваше и за проектите кои следуваат за реализација во наредната 2021 година.
Заеднички беше оценето дека Владата останува посветена на реформите во интерес на сите граѓани и реализирање на зацртаните цели во Програмата.
Интересно е тоа што станува збор за партиски состанок, аистиот се одржува во просториите на владата која што е извршна власт, а не партиски штаб.
Од самиот настан може да се заклучи дека во Репуплика Македонија години наназад ова станува пракса и речиси сите институции се партизирани, а тоа го докажуваат бројните огласи за вработување во изминатиот мандат на владата предводена од СДСМ. Привремените вработувања, вработувавањата пред изборната кампања, како и последните огласи за време на корона кризата и тоа кога македонската економија и официјално е во рецесија.
Сега веќе на сите им е јасно дека со ваквиот чин, Заев едностано владата ја претвори во париски штаб.