вторник, 30. јануари 2024. Вести денес: 0
home Хороскоп

Стрелецот ќе добие пари, Близнаците многу љубоморни

Стрелецот ќе добие пари, Близнаците многу љубоморни

ОВЕН

Започнувате нов проект кој има врска со странство или со медиумите. Возбудени се и сакате да се докажете. Пред вас е ново познанство, но вашиот прв впечаток е необјективен. Избегнувајте алкохол.

БИК

Фокусирани сте на финансиите. Одличен ден за аплицирање за кредит и наоѓање спонзор. На партнерот ја премолчувате ситуацијата за да не се грижи. Сметате дека поради мали лажи, на сите ќе им биде подобро. Добро се чувствувате.

БЛИЗНАЦИ

Фокусирани сте на работните обврски и задоволни од ситуацијата. Вложувате многу енергија во работата, и очекувате резултатите да бидат видливи. Емоциите ви проработиле и многу сте љубоморни. Добро здравје.

РАК

Задоволни сте од тоа како приватниот бизнис се развива. Соработката со колегите е одлична. Имате слични идеи и вредни сте и амбициозни кога е во прашање постигнувањето на целите. Срамежливи сте и не ги покажувате на партнерот своите емоции. Солидно здравје.

ЛАВ

Пред вас е неповолен ден особено ако имате закажано рочиште или се во прилика да контактирате со претставниците на медиумите. Окупирани сте со работа и немате енергија за партнерот. Стабилно здарвје.

ДЕВИЦА

Непланирани тешкотии ги ремети вашите планови. Додека не го надминете проблемот, ги одложувате обврските за друг ден. Вашите емоции кон партнерот се постојани, но имате проблем на спонтан начин да ги покажете. Проблеми со притисокот.

ВАГА

Имате проблем со концентрацијата што ја ремети работната комуникација. Пробајте да се фокусирате на оан што ви се зборува. Не сте задоволни од односот на партнерот затоа што не ви пружа повеќе внимание. Несоница ве мачи.

ШКОРПИЈА

Имате многу обврски. Многу сте вредни, работата ја одработувате и покрај гужвата, и успевате се да завршите на време. Задоволни сте од тајната врска. Сметате, дека, конечно, сте нашле партнер кој знае да ве усреќи. Солидно здравје.

СТРЕЛЕЦ

Работната ситуација е стабилна и поради тоа се чувствувате добро. Стигнува парична добивка што дополнително го подигнува расположението. Партнерот избегнува отворена комуникација во врска со проблемите во односот. Солидно здравје.

ЈАРЕЦ

Концентрацијата не ви е силна страна. Во случај на работен договор, доаѓа до недоразбирање и некои работи мора јасно да се дефинираат. Уживате во односот со партнерот, иако посакувате да биде поотворен емотивно. Ве очекуваат алергиски реакции.

ВОДОЛИЈА

Фокусирани сте на воспоставување на нов договор од кој имате големи очекувања. Можни се мали пропусти. Ја криете финансиската ситуација од другата половина. Чувствителен е дигестивниот систем.

РИБИ

Енергични сте и гледате сите обврски да ги одработите во што краток временски период. Од таа причина правите ситни грешки. Не ви е до расправија со партнерот, и затоа прифаќате се што ќе каже. Ќе имате проблем да заспиете.