петок, 29. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Казнети 342 возачи во Скопје

Казнети 342 возачи во Скопје

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (13.12.) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

-Само на територијата на град Скопје изречени се вкупно 342 мерки, меѓу кои за возење без возачка дозвола 36 санкции, 37 мерки за нерегистрирани возила, 21 санкција за користење на мобилен телефон. Изречени се 23 мерки за непрописно паркирани возила, 6 санкции за недавање првенство на минување на пешаци, 15 санкции за непрописно престигнување, 9 возила се подигнати од „пајак“ службата и 16 санкции за неносење заштитна маска. Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот, соопштуваат од МВР.

Најнови вести