Овој дочек на Министерот за Здравство е со цел, да го потсетиме за состојбите во нашиот град. Венко Филипче денес е должен да каже каков е исходот од инспекцискиот надзор во Клиничката болница во Штип, после смртта на пациентката од Берово, стои во Фејсбук статусот на Иван Јорданов, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.
– Филипче мора да ни ги соопшти наодите на специјалната комисија за начинот на третман на пациентката! Филипче оваа посета може да ја искористи и за да објасни, зошто неговата Влада потроши милион евра за организација и поткуп на изборите, кога истите можеа да бидат употребени за завршување на Клиничка болница?! И наместо да промовира нешто за кое се зборува од јуни оваа година, за овие неколку непродуктивни месеци, можеше да направи обид на граѓаните од Источниот регион да им го даде она за кое копнеат со години – нова и модерна Клиничка болница, пишува тој.