вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Тозиевски: Земјоделци од Ресен се уште не се обештетени од мразот што ја зафати Преспа

Тозиевски: Земјоделци од Ресен се уште не се обештетени од мразот што ја зафати Преспа

Земјоделците очекуваат решавање на нивните проблеми, а не манипулации и лаги од страна на СДСМ и министерот за земјоделие, Љупчо Николовски. СДСМ продолжува да се однесува како опозиција, а тоа најмалку им користи на земјоделците, Јован Тозиевски истакна на денешната прес-конференција на ВМРО-ДПМНЕ.

-Земјоделците очекуваат СДСМ да престане да си игра и да тера маркетинг врз нивниот грб. Земјоделците очекуваат СДСМ да ги исплати парите кои им припаѓаат за штетите кои ги претрпеа. Земјоделци од Ресен сеуште не се обештетени од мразот што ја зафати Преспа, иако им беше ветувано дека веднаш по преземањето на власта од СДСМ ќе се исплатат штетите. Со месеци и во Ресен и во Скопје надлежните ветуваат дека ќе се исплатат штетите, а пари нема. Поради доцнењето на исплатата по овој основ, земјоделците се наоѓаат во исклучително лоша економска состојба. За нас парите од штетите се сериозна поддршка посебно после ланската година кога имавме мраз. Иако ни беше ветено од министерот за земјоделство дека веднаш ќе се исплатат штетите од лани, и по 10 месеци од тоа нема ништо, рече Тозиевски и додаде:

„Некој што денес се наоѓа на чело на државата, поради својата неспособност, неможност или не сакање да ги исплатат штетите од мразот, секојдневно лажат на нивните прес конференции и пратенички обраќања. Министерката за одбрана, Радмила Шекеринска, пролетта 2017 додека беше пратеник во Собранието на Република Македонија константно ја обвинуваше Владата на ВМРО-ДПМНЕ дека ги оставила земјоделците на питачки стап, и ветуваше 100% обештетување од мразот. Еве како помина речиси една година од владеењето на СДСМ и се остана само на ветување. Кажуваа примери како прават богатите земјоделци од Европа како со помош од државата во невреме ги заштитувале насадите, а тие немаат ни способност да ја исплатат штетата за две години 2016 и 2017“.

Советничката за земјоделство, Ленче Николовска, потенцираше тој, изјави во декември дека немало да дојде во Ресен додека не се исплателе парите за штетите- како тргнало и цел мандат можеби нема да дојде.

-Загрижените земјоделци константно го поставуваат истото прашање од јули 2017. Кога ќе има исплата? Секогаш е истиот одговор, службите работат, ќе биде наскоро. Тоа наскоро е една година. Се манипулира со надежта на луѓето. Луѓе кои на чесен начин го заработуваат својот леб, не преку партиски тендери, вработувања и што уште не. Остана ветување за пласман на јаболката, остана ветување за исплата на штетите. Земјоделските грантови и субвенциите се делат на партиска основа. Додека беа опозиција секој ден имавме ново ветување како земјоделци, секој ден излегуваше министерот за земјоделство на прес конференција како тој сочувствува со земјоделците од Преспа, па како тие биле на работ на егзистенција. Од тогаш до сега помина цела една година. Но граѓаните се свесни и знаат да распознаат политичка волја да се реши нештото, знаат да распознаат манипулација се со цел да се стигне до фотелја. И толку. Тука завршува нивното исполнување на ветувањата, потенцираше Тозиевски и додаде:

„Револтот на жителите од Преспа е голем. Во земјоделско подрачје како што е Преспа луѓето генерално живеат од јаболката, односно преживуваат, но на политичката хунта која е на власт не и гајле за граѓаните, единствено што им е битно е промена на името и распродажба на државните интереси. Криминалот и корупцијата цветаат во секој сегмент на ова општество, државата е на распродажба. Ова е тој живот кој го нуди СДСМ кога и да дојде на власт. Социјалдемократскиот сојуз не запира со своето неодговорно однесување кон земјоделците. СДСМ ги крши законите и креира хаос во земјоделството со цел да ги уценува и манипулира земјоделците. СДСМ ги уништува земјоделците и калкулира со нивната мака не преземајќи ништо за обештетување на земјоделците иако завршија теренските активности на комисиите. Господине Николоски дали знаете со што се соочуваат македонските земјоделци? ВМРО-ДПМНЕ апелира под итно да се исплатат парите на земјоделците“.

Најнови вести