среда, 29. ноември 2023. Вести денес: 0
home Скопје

О2 Иницијатива: Додека ги продаваат становите во Ѓорче Петров со слики на зеленило околу нив, на терен единствените преостанати дрва немилосрдно се сечат

О2 Иницијатива: Додека ги продаваат становите во Ѓорче Петров со слики на зеленило околу нив, на терен единствените преостанати дрва немилосрдно се сечат

Додека грижата за животна средина и една од „мерките“ за справување со загадувањето ја сведуваат на толку и толку посадени дрвца, ситуацијата на терен ни ја покажува вистинската слика на нивната „грижа“, стои во Фејсбук статусот на О2 Иницијатива.

– Ова е населба Александрија, општина Ѓорче Петров, додека ги продаваат становите со слики на зеленило околу нив, на терен единствените преостанати дрва немилосрдно се сечат заради проектирана улица според нов ДУП.
На сликите се гледа нов засаден дрворед, кој дел веќе е испогазен при налетот на градежните машини. Важно имаме еден куп спонзорирани постови како нашите локални власти се потепаа од садење, само што во равенката никако да им текне да ги одземат сите оние стари и здрави дрвја паднати под налетот на пилата, пишуваат тие.