недела, 10. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Партијата на Курц продолжува да победува

Партијата на Курц продолжува да победува

Народната партија на Австрија ( ОВП), на канцеларот Себастијан Курц, продолжува да победува, а вчера таа славеше на изборите во покраината Салцбург.

ОВП на вчерашните покраински избори, според прелиминарните резултати, освои 37,7 отсто од гласовите, 8,69 проценти повеќе од претходните избори.

На второ место заврши Социјалдемократската партија (СПО), која освои 20,1 процент, што е за 3,71 отсто помалку од претходните избори.

Слободарската партија (ФПО), коај на сојузно ниво владее заедно со ОВП, освои 19 отсто гласови, односно 1,97 проценти.

Зад ФПО е партијата на Зелените со 9,1 отсто, која воедно е и најголем губитник во односно на претходното гласање. Таа изгуби повеќе од 11 проценти.

Во покраинското собрание влегува Неос со освоени 7,2 отсто гласови.

Курц оцени дека победата во Салцбург е одличен ветер во грб за Владата во Виена. (МИА)