понеделник, 11. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Комисијата за заразни болести со нова мерка- се однесува за сите кои ќе пристигнат во Македонија од Велика Британија!

Комисијата за заразни болести со нова мерка- се однесува за сите кои ќе пристигнат во Македонија од Велика Британија!

Министерството за здравство информира дека на утринскиот состанок, Комисијата за заразни болести усвои нова мерка – 14 дена самоизолација за сите граѓани кои во земјава со директни летови ќе дојдат од Велика Британија.

Оваа нова предлог рестриктивна мерка, за влез во земјава ќе биде предложена на Главниот координативен штаб, а е донесена превентивно по информациите дека нова мутација на корона вирусот, се шири во Англија и според првичните епидемиолошки анализи е позарзана.

Комисијата за заразни болести засега не ја разгледува опцијата да предложи дополнителна мерка – како задолжителен ПЦР тест за влез во нашата земја, односно да предложи рестриктивна мерка за влез или излез од земјава.

Министерството за здравство апелира до сите граѓани кои патуваат да ги почитуваат здравствените протоколи, како задолжително носење заштитна маска во автомобил или друго превозно средство, а превозниците да ја почитуваат мерката за бројот на патници се со цел заштита на здравјето на граѓаните.

Најнови вести