петок, 17. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Рочиште за 27-ми април: Нарушена е доверливоста на доказите, има индиции дека е можно некој да ги фалсификувал

Рочиште за 27-ми април: Нарушена е доверливоста на доказите, има индиции дека е можно некој да ги фалсификувал

На денешното рочиште за т.н. организирање на настаните на 27-ми април вешто лице сведочеше за доказите за телефонски разговори кои ги понуди Вилма Рускоска, обвинител во предметот. Според вештакот проф. Д-р Мирослав Котевски, доказите кои ги приложила Рускоска пред судот кога го подигнала обвинението не биле запечатени односно заштитени од промени, поради што тој се сомнева дека е можно некој да ги променувал – односно да направил фалсификат.

– Материјалните докази кои ми беа предадени од страна на одбраната не содржат никаква заштита на датотеките (“xls” фајловите) со што се нарушена нивната доверливост како податоци, вели професорот Мирослав Котевски.

Според него, во вакви незаштитени електронски докази секој кој имал контакт со нив до моментот на поднесување на обвинението можел да направи промена, односно фалсификат.

– Дополнително, во ваквите датотеки може да се креираат непостоечки (фиктивни) нови записи кои никогаш реално како настан не постоеле. Тоа може да бидат текстуални пораки кои не биле разменети помеѓу два мобилни телефонски броја или две лица, говорна комуникација меѓу две лица која никогаш не била реализирана или приклучувања кон глобалната интернет мрежа, појаснува професорот.

Дополнителен проблем е што според него во EXCEL датотеките не може да се утврди дали се правени измени во податоците поради фактот што измените и/или дополненијата може да се направат без запис (трага) за настанатата измена и/или дополна и без запис кој и кога ја направили таа измена и/или дополна.

Индиции за можно фалсификување на доказите има поради неколку утврдени непостојани податоци од страна на вештакот, односно одредени разговори кои се запишани во една ексел табела, не се забележани во три други ексел табели во кои исто така би морало да ги има. Според вештото лице професор Котевски, ова е доволна причина да се посомнева во кредибилноста и веродостојноста на доказите.

– Ова наведува на заклучок дека доверливоста на xls фајловите кои се дел од доказните материјали е проблематична, заклучи проф. Д-р Котевски на денешното рочиште кое започна со проблеми откако Рускоска во судот донела погрешен советник кој не бил од полето на стручност на Котевски.

Кој и зошто би фалсификувал докази е прашањето кое треба да си го постави секој кој и досега ги следел ваквите индиции во овој случај, пред се поврзани со четирите различни верзии на сведокот соработник Александар Василевски Нинџа кои нему му донесоа казна под минималната, на 15 други луѓе над 200 години затвор, а на Рускоска ново обвинение за т.н. организирање на настаните на 27-ми април.

Најнови вести