недела, 31. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Чешка од недела со построги мерки и полициски час

Чешка од недела со построги мерки и полициски час

Чешката Влада од недела ќе ги затвори неесенцијалните продавници и ќе воведе построг полициски час во обид да се запре зголемувањето на инфекциите и хоспитализациите поради коронавирусот, изјави денеска чешкиот министер за здравство Јан Блатни.

Тој рече дека Владата го одобрила преминот на земјата на највисоко ниво на владиниот индекс на ризик, што покренува построги ограничувања.

Во изминатите 24 часа, 10.821 лице е заразено со вирусот во Чешка, така што вкупниот број заразени сега е 646.312.  Починало 51 лице, со што досега вкупно 10.664 се починати од Ковид-19.