сабота, 10. февруари 2024. Вести денес: 0
home Вести

Латас: Државата требаше да оддели пари за 500.000-600.000 вакцини како прва акција кон најзагрозените од КОВИД-19

Латас: Државата требаше да оддели пари за 500.000-600.000 вакцини како прва акција кон најзагрозените од КОВИД-19

Новинарот Драган Павловиќ-Латас во своето гостување во емисијата „Што не е јасно“ зборуваше за вакцините за КОВИД -19 и посочи дека за разлика од нас Србија од утре почнува да се вакцинира и тие вакцини сами си ги купиле.

-Јас мислам дека еден дел е добро тоа што Бугарија ќе отстапи еден дел на Македонија бидејќи ние сме соседи и ние би го направиле за нив истото како што сме правела за поплавените во Србија кога има требаше помош, за Косово и така натаму. Тоа е човечки однос. За разлика од нас Србија од утре почнува да се вакцинира, нивните граѓани ќе бидат отрпилика 1 милион вакцинирани до крај на јануари и ги користат вакцините од Фајзер, а ќе користат и други. Нивните вакцини се набавени билатерално што значи сами си ги купиле не им помгнала ни Русија, ни Америка, ни ЕУ. Овој пример го употребувам бидејќи Србија е слична на нас по своите економски параметри, рече Латас во своето гостување.

Новинарот во своето гостување посочи дека државата требаше да оддели пари за околу 500.000-600.000 вакцини како прва акција која ќе се однесуваше на најзагрозените групи.

-Ние како секоја мрзлива политика мораме да чекаме некој нешто да ни даде. Вие ако се сеќавате и во време на големата криза државата даде близу еден милион евра за весници под контрола на СДСМ, кој никој не ги чита и за презерватитви, но затоа немаше пари за маски и ракавици во тоа време. Тие ги даваат донации наши бизнисмени, НАТО, ЕУ или други држави ни ги отстапуваа како Кина, Русија, ние немавме пари да ги купиме. Медицинскиот персонал работеше како сирачиња ако некој му фрли од трошките кои му останале за јадење. Истото сега со вакцините. Македонија мораше да купи вакцини, 2 милијарди зема државата кредит. Од она што го читам вакцините се околу 30-35 евра во просек што мораше да се одделат пари барем за 500.000-600.000 вакцини како прва акција кон најзагрозените групи најстарите, полицајците, наставниците, здравствените лица и така натаму, додаде новинарот во своето гостување, рече тој.

Најнови вести