среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Пандов: Димитров да имаше малце образ ќе си поднесеше сам оставка

Пандов: Димитров да имаше малце образ ќе си поднесеше сам оставка

Вечерва во емисијата „Само Вистина“ гостуваше Александар Пандов, претседател на патриотскиот институт на ВМРО-ДПМНЕ.

Пандов говореше дека Димитров, па и целата влада треба веднаш да си поднесат оставка бидејќи многу зло нанесоа на државата.

„Димитров да имаше три чисти, да имаше малце образ ќе си поднесеше сам оставка. Како што конечно цела влада треба да си поднесе оставка. Затоа што главна работа и пред четири години, а и сега пре четири месеци на изборите беше дека да не ги говорам сите датуми кои што ги добивме заедно со Заев и Димитров, меѓутоа беше дека еве кај и да е ќе добиеме датум за преговори за ЕУ“, истакна Пандов.

Пандов додаде дека Никола Димитров е најповикан во целата оваа работа. Тој беше кој што се добиваа гласовите за нивната коалиција. Тој велеше еве кај и да е ќе го добиеме датумот за преговори со ЕУ.

„Иако беше сто пати укажувано, и пред две, пред една година и сега дека од бугарската страна таа политика не е нова. За жал по македонскиот народ таа политика е над еден век, константна. Само дали Бугарија се чувствувала помоќна во даден период или послаба, па погласно ги артикулирала нивните амбиции“, појасни Пандов.

Пандов посочи дека Заев е велепредавник и треба да одговара за сите постапки.

„По навредите на Бугарија никој не реагира, ниту една институција не реагира“, нагласи Пандов.

Најнови вести