четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Хаос се случува во моментов во Собрание: Власта по секоја цена сака да го донесе законот со кој Макпетрол ќе добие 33 милиони евра

Хаос се случува во моментов во Собрание: Власта по секоја цена сака да го донесе законот со кој Макпетрол ќе добие 33 милиони евра

Хаос се случува  во моментов во  Собрание, брифираат пратеници за Економски Лидер.  Велат дека иако цел ден работат по 19 седница, сега не статутарно се продолжува и по 18 00 часот додека не се исцрпат сите дискусии.

По ова би требало да се започне со 20 та  Седница на која што една од точките е за ГА МА, односно носењето на Закон со кој ќе се платат 33 милиони евра на Макпетрол за решавање на проблемот со АД ГА МА.

Пратениците се сомневаат дека ова се прави преку ноќ за да никој не ја види  одлуката со која Макпетрол ќе добие 33 милиони евра од Буџетот.

Од пратеничката група на ВМРО ДПМНЕ и коалицијата претходно обвинија дека за овој Договор меѓу државата и Макпетрол јавноста нема доволно информации и со истиот ќе се направи штета на сметка на државниот Буџет

-Власта сака на мала врата без доволно информации и консултација со јавноста да се изгласа закон со кој ќе му се признае на Макпетрол сопственост од 50 отсто во гасоводот во Македонија и истиот да му се плати по нереално висока цена од 33 милиони евра иако самата власт вели дека вредноста на влогот на Макпетрол е 18,8 милиони евра, обвинува опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата дава напори да блокира дел од работата со цел да не бидат злоупотребени 33 милиони евра народни пари, информираат од Центарот за комуникации на партијата.

Најнови вести