среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Панова: Приходните ставки во буџетот не се реалност затоа што луѓето во Македонија веќе немаат пари

Панова: Приходните ставки во буџетот не се реалност затоа што луѓето во Македонија веќе немаат пари

Во самиот буџет приходните ставки не се реалност затоа што во Македонија луѓето веќе немаат пари. Многу е нереално вие да зголемувате даноци и да имаме информации дека ќе дојдат закони со кои што ќе имаме дополнително оданочување. Во исто време имаме продажба на одредени државни имоти, одредени фирми кои се во државна сопственост.

Ова во интервју за КУРИР го истакнува Ели Панова, пратеничка од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.

-Ова, според мене, не само што ќе придонесе за полоша ситуација на граѓаните, ќе ни ја уништи до крај економијата и ќе стане реалност тоа за кое што ние цело време предупредуваме. Дека една држава со 70% задолженост во сооднос со БДП е држава која се поблиску се приближува до грчкото сценарио, истакна таа.

ВМРО-ДПМНЕ имаше многу забелешки за време на расправите за Буџетот во Собрание.

-Доколку систематски го гледаме буџетот би ги гледале и реализациите на буџетите за време на владеењето на СДСМ, тогаш ќе видиме дека  од проекцијата до финалната реализација на буџетот има голема разлика. Тоа ни дава мотив да мислиме и овој рекордно најголем буџет дека нема да биде до крај реализиран.  Ако видите дека една од основните три нивни цели беше справување со ковидот, а во исто време буџетот на Министерството за здравство е намален ќе сфатите дека ова не е вистина, рече таа.

Со Панова разговаравме за повеќе теми. Разговорот со неа погледнете го во продолжение:

Најнови вести