понеделник, 27. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Заев нема одговор до Николоски зошто нема истрага за Галена од Кајмански острови која го купи рудникот Иловица

Заев нема одговор до Николоски зошто нема истрага за Галена од Кајмански острови која го купи рудникот Иловица

Пратеникот и потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски на денешната собраниска седница за поставување на пратенички прашања, го праша Зоран Заев дали институциите кои што се под надлежност на владата Управата за јавни приходи, Финансиската полиција и Агенцијата за финансиско разузнавање од април минатата година до крајот на оваа година извршиле истрага за потеклото на капитал на Галена а која го има под концесија рудникот Иловица.

Третото прашање кое сакам да го поставам се однесува на рудникот Иловица. Сакам да кажам дека таму не може да има рудник затоа што треба да се зачува целиот тој регион и јавно сум го кажувал тоа и прецизно сум го кажувал и во текот на изборната кампања и после тоа. Во 2015 година комисијата за заштита на конкуренцијата на 15 април носи решение со кое што известува за концентрација и кажува дека Друштвото Галена рисорсис еквилит лимитид од Кајманските острови ќе се стекне со контрола на Еуромакс рисосрсис која што е носител на коцесијата за Иловица. Галена рисорсис еквилит лимитид е регистрирана со седиште на Мејпл порпр ексервес лимитид на Гранд кајман на Кајмански острови. Тоа за пошироката јавност е оваа зграда. На оваа зграда според информациите на престижниот британски весник Дејли мејл се регистрирани уште 20.000 компании, а зградата како што гледате е прилично мала.

Претседателот на СДСМ Барак Обама во една прилика за оваа зграда вели или е најголемата куќа на светот, што секако дека не е, или се работи за најголемата шема на даночна евазија односно на прекривање на данок, вели Николоски и додаде:

Имајќи предвид дека Галена во овој момент поседува 53,1 процент од Еуромакс рисосрсис, а како нивен претставник во бордот на директори се јавува никој друг туку Иван Вутов син на Цоло Вутов еден од најбогатите луѓе во Бугарија кој што се занима со рударство и кој што нема баш вака домар имиџ во однос на неговите аквизиции и во Бугарија и во останати држави во кои што работел. Моето прашање е дали односно да бидам попрецизен затоа што не сме виделе ништо во јавноста зошто надлежните институции кои што се под надлежност на владата, тука пред се мислам на Управата за јавни приходи, Финансиската полиција и Агенцијата за финансиско разузнавање од 15 април 2019 година до денес крајот на годината не го испитале потеклото на капитал на Галена рисорсис имајќи во предвид дека доаѓа од даночен рај од Кајмански острови за кои што поранешниот претседател на САД Барак Обама вели дека се работи или за најголемата куќа во светот што секако дека не е или за најголемата шема за перење на пари?

Николоски, вели дека ова не е прв ваков случај откако владата на СДСМ е на власт, потсетувајќи ја јавноста дека само еден ден по формирање на владата се донел детален урбанистички план за Панама на Миодраг Дака Давидовиќ.

Ова не е прв пат да зборуваме за атрактивни дестинации и даночни раеви откако е оваа влада на власт, видовме дека сличен случај имавме со Панама и со Миодраг Дака Давидовиќ и што детален урбанистички план помина само еден ден после формирањето на новата влада на 31 август, така што прашањето е дали институциите кои што се под надлежност на владата Управата за јавни приходи, Финансиската полиција и Агенцијата за финансиско разузнавање од април минатата година до крајот на оваа година извршиле истрага за потеклото на капитал на Галена која што е регистрирана на Кајманските острови и затоа што јавноста до денеска не е запозната со таквата работа, ако не извршиле зошто не го направиле тоа, рече тој.

Најнови вести