вторник, 13. февруари 2024. Вести денес: 0
home Живот и стил

Оваа бабичка е најстарата личност на светот: Денес го прослави својот 118-ти роденден (ВИДЕО)

Оваа бабичка е најстарата личност на светот: Денес го прослави својот 118-ти роденден (ВИДЕО)

Кејн Танака, Јапонка, која според Гинисовата книга на рекорди е најстарата жива личност, денес наполни 118 години.

Танака е родена на 2. јануари 1903-та година и својот прекрасен ден го прослави во дом за стари лица во Фокуока, Јапонија, каде што живее во последните неколку години.

Таа го прослави својот роденден весело, плескајќи со рацете и не симнувајќи ја насмевката од лицето, а на новинарите им рече дека планира да биде жива и здрава барем до нејзиниот 120-ти роденден.

Таа е во одлична здравствена состојба, вежба секој ден, јаде три пати на ден, а во моментот и е жал само што не може да ги види своите најблиски на нејзиниот роденден, поради мерките за сузбивање на вирусот корона.