понеделник, 6. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Извештајот на ЕК пред Комисијата за европски прашања

Извештајот на ЕК пред Комисијата за европски прашања

Во Собранието денеска започнува разгледувањето на Извештајот на ЕК за напредокот на Македонија.

Седница на која ќе се разгледува Извштајот денеска во Собрнаието ќе одржат Комисијата за европски прашања и Мешовитиот парламентарен Комитет РМ-ЕУ.

Извештајот на ЕК пред пратениците ќе го презентира евроамбасадорот Самуел Жбогар. На седницата обраќање ќе има премиерот Зоран Заев, а заклучни согледувања ќе изнесе Даниел Сервер од Универзитетот „Џон Хопкинс” во Вашингтон.

Македонија доби позитивна и безусловна препорака во Извештајот за напредокот, но конечната одлука за датум за преговори треба да ја донесе Европскиот совет во јуни.

Најнови вести