Претседателот на САД, Доналд Трамп го потпиша Законот за борба против пандемиски измами во 2020 година, соопшти Белата куќа на својата официјална веб-страница.
Со Законот за сузбивање пандемиски измами од 2020 година се бара од Федералната комисија за трговија да открие и да објави информации во врска со измами поврзани со пандемијата.
Трамп потпиша уште три закони: Закон за заштита на семејствата на убиените припадници на воената служба, Закон за годишнината на монетите од 1921 година и Закон за иницијативи за војници и ветерани од 2020 година, додаде Белата куќа. (МИА)