понеделник, 6. ноември 2023. Вести денес: 0
home Занимливости

Принцезата Шарлот го украде шоуто на братчето: Со еден потег ги воодушеви сите, веќе ја гледаат како новата Дајана (ФОТО+ВИДЕО)

И покрај тоа што на почетокот на мај девојчето ќе наполни тек три години, многу велат дека има предиспозиции кои ги има една кралица.
Принцезата Шарлот го украде шоуто на братчето: Со еден потег ги воодушеви сите, веќе ја гледаат како новата Дајана (ФОТО+ВИДЕО)

Во кралското семејство вчера пристигна уште едно бебе. Кејт Мидлтон  и принцот Вилијам го добија своето трето дете, уште еден син. Војвотката од Кембриџ се породи во 11 часот наутро, а само неколку часа подоцна со таткото Вилијам во посета на својата мајка и новото братче дојдоа и четиригодишниот принц Џорџ и деветгодишната принцеза Шарлот.

Додека одеа кон болницата, преслатките Џорџ и Шарлот го држеа својот татко за рака, а ако може да се суди според коментарите на социјалните мрежи малечката принцеза ги освои сите. Имено, девојчето со насмевка ги поздрави насобраните фоторепортери и обожаватели и возбудено им мавташе, а највпечатлив беше делот кога на влезот во болницата уште еднаш се сврти и ги поздрави сите присутни.

И покрај тоа што на почетокот на мај девојчето ќе наполни тек три години, многу велат дека има предиспозиции кои ги има една кралица. Поголемиот број од корисниците на социјалните мрежи се сложи дека малата Шарлот е најслаткото нешто што се појавило во кралското семејство, и како што пишуваат во неа ја гледаат наследничката Дајана.

-Принцезата Шарлот потполно го украде шоуто, таа е едно преслатко девојче, а тоа како ги поздрави присутните го растопи моето срце, вели еден од коментарите.

Кејт и Вилијам новиот член на семејството уште вчера во попладневните часови го претставија пред светот, а војвотката истиот ден ја напушти и болницата.

Да потсетиме, Кејт Мидлтон се породи вчера во болницата Сент Мери во Лонфон, во луксузното Линдо крило. Од Кенсингтоновата палата информира дека на свет стигнало здраво момче, тешко 3.800 грама и дека принцот бил со сопругата на породувањето.

Погледнете го видеото: