Новитот американски претседател Џо Бајден ќе го назначи поранешниот дипломат од кариера, Вилијам Бернс, за директор на Централната разузнавачка агенција (ЦИА), соопшти преодниот тим на Бајден.
Бернс, поранешен заменик државен секретар на САД, кој 33 години работел како дипломат од кариера, во моментов е претседател на Фондацијата „Карнеги“ за меѓународен мир, пренесуваат британските медиуми.