среда, 15. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Андоновски: Што содржи бугарскиот документ кој вчера го доби Бучковски?

Андоновски: Што содржи бугарскиот документ кој вчера го доби Бучковски?

Владата на Зоран Заев упорно молчи за тајните преговори со Бугарија. Нејасно е што содржи документот кој вчера му беше врачен на специјалниот претставник, Владо Бучковски во Софија.  Дали се работи за Анексот со 12 точки во надградено и проширено издание, или нешто сосема друго се преговара?, изјави на денешната прес конференција, Стефан Андоновски,член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Тој вели дека македонската јавност веќе со месеци не е информирана за содржината на ниту еден документ кој циркулира помеѓу двете страни.

– Собранието е во тотална изолација, и очигледно никој не знае за што точно се преговара. Владата веќе четири години лаже дека ги затворила сите отворени прашања со соседите. Очигледно не е така. Зоран Заев води раштиман оркестар. Никола Димитров со денови вели дека граѓаните треба да одморат од спорот со Бугарија, и дека до изборите таму, треба да ја вршиме домашната задача. Османи пак го испраќа Бучковски на тајни преговарачки маси каде што никој не знае за што се преговара. Зоран Заев молчи. А, во исто време, македонскиот народ, идентитет и јазик се негираат од највисоки претставници на бугарската влада, посочи Андоновски.

– Затоа прашуваме: Дали добиениот документ бара ретуширање на историјата и нејзино прилагодување до бугарската историска вистина? Дали е оспорен македонскиот јазик, и тој сега треба да стане фуснота? Дали образовната реформа на Мила Царовска е за да се укине предметот историја, и да се исполнат некои национал-шовинистички барања кои личат барања од 19-тиот век, праша тој.

– За оваа дрска и груба игра ќе има одговори и одговорност на сите инволвирани. Не смееме да дозволиме некои пазарџиски трговци да ги распродаваат македонските национални интереси за богатење на нивните фамилии и градење на кариери. За сите овие недела кон Македонија ќе одговараат, додаде Андоновски.

 

Најнови вести