петок, 17. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

ВМРО-ДПМНЕ: Власта на Заев ги надмина сите окупаторски власти, со ќотек и полиција ги растера учесниците во Вевчанскиот карневал кои ја исмејуваа владата и нејзините политики

ВМРО-ДПМНЕ: Власта на Заев ги надмина сите окупаторски власти, со ќотек и полиција ги растера учесниците во Вевчанскиот карневал кои ја исмејуваа владата и нејзините политики

Власта на Заев ги надмина сите окупаторски и поробувачки власти кои Македонија ги имала. Со ќотек брутално го спречи Вевчанскиот карневал, традиција долга илјада години, само затоа што преку хумор и маски ја критикуваат власта и појавите во општеството, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

– Истата таа власт и полиција која се правеше слепа на прославите на функционерите на СДСМ среде Штип, на роденденските прослави во влада, на забавите по кафулињата, насилно апсеше и растеруваше учесници во карневалот, меѓу кои имаше деца и стари лица и го заплашуваше својот народ, велат од партијата.

– Ете до каде отиде оваа забегана власт на Заев, за едни да биде мајка, за други маќеа. Двојните аршини на Заев народот ќе ги запомни и прво ќе ја порази оваа ненародна власт, а потоа ќе следи одговорност за бруталноста и криминалите на власта на Заев, посочуваат ВМРО-ДПМНЕ.

Најнови вести