Едно куче направи неверојатна работа и само уште еднаш докажа какви животни се кучињата – верни пријатели.
Кучето дојде до вратата на една жена и потоа и покажа едно место. На местото, во многу лоши услови имаше штотуку родени мали кученца и нивната мајка.
Според локалните медиуми, сè се одвивало во Кина, а за жал, едно од кученцата било мртво и жената го закопала.
После тоа, таа продолжи да се грижи за малите кученца и нивната мајка, носејќи им храна секој ден, а исто така им изгради и засолниште.