недела, 12. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Во Јакутија повторно измерени -47 степени Целзиусови

Во Јакутија повторно измерени -47 степени Целзиусови
Frost-encrusted house in the city centre.

Во рускиот регион Јакутија, област што се смета за најстудено место за живеење на планетата, температурата повторно достигна екстремни минус 47 степени Целзиусови, пишуваат руските медиуми.

Јакутија е најголема руска автономна република според територија, а ја зазема целата територија на источен Сибир и се наоѓа во североисточниот дел на евроазискиот континент.

Повеќе од 40 проценти од територијата на оваа републиката се наоѓаат зад Арктичкиот круг.

Вкупната површина на арктичката област на републиката е речиси 1,6 милиона квадратни километри, што претставува околу 52 проценти од нејзината територија. (МИА)