Заедно со потпретседателот Александар Николоски се наоѓаме во главниот град на Република Унгарија, Будимпешта. Утрото го започнавме со работен појадок кај министерот за надворешни работи господинот Петер Сијарто, а денот го продолживме на еден работен состанок со претседателот на владата и големиот пријател на Македонија, господинот Виктор Орбан, ова денеска преку видео порака од Будимпешта го истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.
-Разговаравме за актуелната политичка и економска ситуација во Македонија, ги пренесоа нивните искуства во справувањето со КОВИД пандемијата која иста така се чувствува и овде во Унгарија. Истовремено зборувавме за блокираниот пат н Македонија во рамките на Европската Унија, и нашите домаќини го споделија нивното искуство како течеа преговорите кога Унгарија практично стануваше членка на Европската Унија. Од страна на домаќините беше уште еднаш реафирмирана недвосмислената поддршка за Македонија, за македонскиот народ, за граѓаните на Македонија и недвосмислената поддршка во евроинтегративниот процес да Македонија еден ден биде членка на Европската унија, вели Мицкоски.
Тој во видеото додава дека еврокомесарот за проширување господинот Оливер Вархеји потекнува токму од нашата сестринска партија Фидеш. Ги продолживме разговорите за внатрешните случувања во рамките на ЕНП (Европската народна партија), се согласивме и го поздравивме изборот на новиот претседател на нашата сестринска партија ЦДУ во Германија и очекуваме плодна заедничка работа помеѓу сестринските партии ВМРО-ДПМНЕ и Фидеш и ЦДУ.